More

    Мета на Путин не е само Украина, туку Европа

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќање до словенечките парламентарци и државниот врв се заблагодари за нивната поддршка на борбата на Украина против руската агресија истовремено предупредувајќи на опасностите што ја загрозуваат европската стабилност преку дејствијата на Русија во најразлични области.

    – Русија користи различни инструменти за да нѐ уништи. Нејзината цел не е само Украина, туку Европа како најважна цел, тие сакаат да ја скршат Украина, но и европската стабилност – рече Зеленски, говорејќи преку видео врска од, како што рече, локација блиску до фронтот.

    Тој се обрати пред пратениците во словенечкиот Парламент на вонредната седница на Националното собрание, на која присуствуваа и претседателот на државата Борут Пахор, премиерот Роберт Голоб и сите министри од неговата влада.

    Зеленски се заблагодари на словенечката поддршка за Украина да добие статус кандидат за членство во Европската Унија, велејќи дека за Украинците европските вредности се основата на нивниот живот во иднина и оти сакаат членство во Европската унија иако како што додаде, во овој момент Унијата не знае колку долго ќе трае патот на интеграцијата на Украина во ЕУ.

    Според претседателот на Украина, Русија користи политички, економски и лоби-притисоци за да ја спречи Украина во нејзините активности на меѓународно ниво, користи лаги во своите јавни постапки, намерно провоцира кризи со цел да го наруши единството на Западот во поддршката на нападната Украина.

    Еден од таквите инструменти на рускиот притисок е гасната криза што резултира со „ненормален” раст на цените на тој енергенс, а Европа може да очекува и притисок од Русија преку создавање нова миграциска криза, како резултат на блокирањето на извозот на жито од украинските пристаништа во Црното Море кон Африка и Блискиот Исток, предупреди Зеленски.

    Во својот говор тој изрази увереност дека Украина ќе остане независна и целовита во нејзината меѓународно признаена територија по војната, за која рече дека сака да заврши што е можно поскоро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img