Израелската армија утринава ги нападна централните и јужните делови на Појасот Газа, откако претходно оваа недела објави дека ја контролира стратешката зона меѓу палестинската територија и Египет.
Палестински очевидци изјавија дека нападот се случил во близина на Рафах, јужно од Појасот Газа, град кој беше во епицентарот на војната меѓу Израел и Хамас минатата недела, пренесе француската агенција.
Напад имаше и во областа Нусејрат, во централниот дел на палестинската територија.
Агенцијата наведува дека вчера имало напад во околината на градот Газа, како и дека израелските сили го гаѓале кампот Џабали, исто така на северот на Појасот Газа.