Европската фудбалска федерација (УЕФА) го исфрли Јувентус од европските натпреварувања за сезоната 2023/2024.
УЕФА ја информираше јавноста дека калчолигашот е елиминиран од Конференциската лига и воедно казнет со 20 милиони евра поради финансиски нерегуларности, кршење на правилата за финансискиот фер плеј.
Од споменатата сума 10 милиони евра се условени и ќе бидат спроведени само доколку годишните финансиски извештаи на клубот за финансиските години 2023, 2024 и 2025 година не се во согласност со сметководствените барања како што е дефинирано во Правилникот за лиценцирање клубови и финансиска одржливост на УЕФА.
Јувентус наводно нема да поднесе жалба на казната, а неговото место во Конференциската лига на УЕФА ќе го заземе Фиорентина.