More

    Месојадни „огнени црви“ (Hermodice carunculata) се појавија на плажите во Будва, а ги има и во неколку туристички центри во регионите на Сицилија, Апулија и Калабрија во Италија

    spot_img

    Месојадни „огнени црви“ (Hermodice carunculata) се појавија на плажите во Будва, а ги има и во неколку туристички центри во регионите на Сицилија, Апулија и Калабрија во Италија.

    За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат денес српските и црногорските медиуми.

    Тие се морски безрбетници кои се наоѓаат во крајбрежните води на Средоземното Море и Атлантскиот Океан.

    По изглед тие личат на стоногалки – нивното тело се состои од голем број светло портокалови сегменти (од 60 до 150), од кои секоја е опремена со куп „меки“ бели влакна кои се отвровни,  содржат невротоксин, кој при контакт со кожата предизвикува силна болка од горење и, како резултат на тоа, општо труење на телото. Труењето нема да доведе до трагични последици, туку предизвикува тешка непријатност (гадење, треска, болка од горење, црвенило и оток). Човек може да наиде на огнени црви меѓу карпите во плитка вода додека плажа или нурка на брегот на Медитеранот или Атлантикот. Кога е загрозен, црвот напаѓа така што „пука“ со отровни влакна кон напаѓачот. Затоа, во таква ситуација, се препорачува да се носат специјални гумени чевли.

    За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.

    Огнените црви се незаситни предатори кои се хранат со корали, анемони и мали ракови, понекогаш напаѓајќи и поголеми подводни жители: ранети морски ѕвезди и морски ежови.

    Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема. Многумина истражувачи работат на ограничување на ширењето на овој вид црви и на социјалните мрежи поттикнуваат секој што ќе ги забележи да пријави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img