More

    Месната индустрија ќе ги поскапи производите до 10 отсто

    spot_img

    Може да очекуваме зголемување на цената на сувомеснатите производи од 5 до 10 отсто во наредниот период, откако Канада ја зголеми цената на месото и ја изедначи со европската берзанска цена, а цената на суровината секојдневно расте на берзите.

    Само во последните две недели суровината на месната индустрија поскапе меѓу половина и едно евра по килограм, а тоа ќе биде вклакулирано и во крајната цена на производот.

    Од месната индустрија велат дека тие не влијаат на цената на суровината, а таа заедно со царинските давачи е вишок трошок кој мора да го  вградат во крајната цена на производите.

    Очекуваме цената на берзите да расте уште летово, а за наесен не се знае како ќе биде.

    Благоја БајдовскиЕкстра Меин

    – Цената на месото не се зголемена само во Канада туку и во Европа. Само во последните две недели имаме зголемување на цената од половина евро до 1 евро по килограм, што е многу. Очекуваме цената на берзите да расте уште летово, а за наесен не се знае како ќе биде. Дополнително на ова имаме и високи царински давачки. На секој увезен килограм месо како суровина месната индустрија плаќа дополнителни 27 денари царински давачки. Сето тоа влијае и на формирањето на крајната цена на нашиот производ. Пресметките се дека ќе мораме да ги зголемиме цените на производите од 5 до 10% зависно од увезениот артикл – вели Благоја Бајдовски од месната индустрија „Екстра Меин“.

    Според него, единствен излез од ценовен шок за граѓаните во однос на месните производи е владата да ги укине царинските давачки кои се плаќаат на увозот на месо како суровина.

    – Кога би се укинале царинските давачки секој увезен килограм месо би чинел 27 денари помалку, односно помалку половина евро, а тоа би се одразило и на цената на нашите производи, но и покрај инсистирање на месната индустрија да се укинат царинските давачки и неколкуте наши средби со одговорните во владата сè уште нема позитивен одговор. За разлика од суровината за која се плаќа царина, за готовите месни производи увезени од земјите во Отворен Балкан не се плаќа царина. Па така, кај нас се увезуваат готови производи без царина, а ние увезуваме суровина со високи царински давачки. сето ова неповолно влијае на месната индустрија – појаснува Бајдовски.

    И од Стопанската комора велат дека може да се очекува благо зголемување на цената на месните производи како резултат на поскапената суровина.

    – Нашите производители го искористија периодот кога канадското месо беше поевтино и се снабдија со суровина и ги задржаа цените, но тоа беше пред 2 до 3 месеци и веројатно овие суровини се речиси истрошени. Новите набавки ќе бидат со повисока цена, без разлика дали ќе бидат од Канада или од некоја од европските земји и логично е тоа да влијае на цената на крајниот производ. Постојат 10 групи на суровини кои се увезуваат за оваа индустрија и зависно од процентот на зголемување на нивната цена ќе завиди за колку ќе треба да се зголеми цената на крајниот производ. Но, мислам дека нема да има драстично зголемување на цените. Можно е тоа да биде најмногу до 8% зависно од увезената суровина и за кој краен производ станува збор – вели Васко Ристовски од Стопанската комора.

    Нашите производители плаќаат од 14% до 35% царина при увоз на основната суровина што ги прави неконкурентни во крајната цена во однос на производителите од регионот кои не плаќаат царина, освен оние од Србија каде што царината е 8%.

    Васко РистовскиСтопанска комора

    Според него, посебен проблем е што домашната месна индустрија при калкулациите за цените е што мора да размислува и на нелојалната конкуренција што ја има од компаниите од регионот поради високите царини што ги плаќа за увезената основна суровина.

    – Нашите производители плаќаат од 14% до 35% царина при увоз на основната суровина што ги прави неконкурентни во крајната цена во однос на производителите од регионот кои не плаќаат царина, освен оние од Србија каде што царината е 8%. Владата лани во втората половина од годината не ја продолжи мерката со која се зголемуваат квотите и не ги укина увозните давачки за суровините и веќе половина година оваа индустрија е во незавидна положба во однос на конкуренцијата која има далеку пониски влезни трошоци во производството. Работењето на компаниите во овој период е отежнато и поради зголемените транспортни трошоци и повисоката цена на свинското месо на берзите и во одреден период лани од високата цена на струјата – вели Ристовски.

    Месната индустрија подолг период бара единствено законско решение на проблемот со увозот на суровина, бидејќи земјава не произведува доволни количини на свинско месо за да ги задоволи потребите на индустријата од суровина иако со години издвојува пари за поттикнување на зголемено производство.

    Владата секоја година одобрува квоти за увоз на смрзнато свинско месо како суровина за месната индустрија. Неколку години овие квоти беа зголемувани, но лани поради одредени критериуми за лимит на квотите од Европската Унија не беа зголемени квотите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img