По победата од 2:0 над Панама, светскиот првак Аргентина синоќа победи против Курасао со 7:0 на мечот одигран во Кордоба.
Овие два пријателски натпревари Аргентина ги одигра на домашен терен за со навивачите да го прослави освојувањето на Светското првенство. Во центарот на вниманието повторно беше Лионел Меси кој постигна гол во 20. минута за водство на Аргентина и негов 100. гол во националниот избор.
До 35. минута Меси постигна уште два гола и запиша асистенција за голот на Енцо Фернандез.
Со трите гола против Курасао му се придружи на Кристијано Роналдо и сега само двајцата постигнаа повеќе од 100 гола за своите репрезентации.
Меси можеше да стигне и до четвртиот гол, но со мајсторски потег му ја даде топката на Анџело Ди Марија за играчот на Јувентус да постигне гол на овој натпревар.