Лионел Меси, официјално најдобриот светски фудбалер и покрај разочарувачката елиминација од Пари Сен Жермен во осминафиналето на Лигата на шампионите од Баерн, е најблиску до останување во Париз, тврди Мундо Депортиво.
Шпанскиот весник наведува дека 36-годишниот Аргентинец не сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да прифаќа богати понуди од Саудиска Арабија, односно од Америка, од Мајами.
Исто така, враќањето во Барселона не е реално поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб, а тој нема контакт со претседателот Лапорта од заминувањето пред година и пол.
Во „најлош“ случај, доколку не се договори со Пари Сен Жермен, Меси кариерата ќе ја продолжи во Италија, пишува шпанскиот весник.