Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси купи 35 златни ајфони за тимот со кој го освои Светското првенство во Катар во декември.
„Лајонел не само што е најдобриот играч на сите времиња (GOAT), туку тој е еден од најверните клиенти на IDESIGN GOLD. Тој не контактираше неколку месеци по финалето на Светското првенство и рече дека сака специјален подарок за сите играчи и репрезентативци за да ја прослават неверојатната победа, но не ги сака вообичаените подароци или часовници. Затоа предложив златни ајфони на кои беа испишани имиња и му се допадна идејата“, изјави извршниот директор на IDESIGN GOLD Бен Лајонс за San.
Како што пренесуваат медиумите, нарачани се 35 златни ајфони, а Меси платил 200.000 евра.
Во декември, Меси за прв пат во кариерата го освои Светското првенство со Аргентина, каде беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Тој ја доби и наградата за најдобар играч во светот за 2022 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).