Во драматичен финален меч Аргентина стана светски шампион, а Лионел Меси конечно го крена пехарот кој е круна на неговата богата кариера.
По натпреварот Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство во Катар.
Првиот човек на ФИФА на Меси му го подари пехарот на светскиот шампион и го покри со црна наметка.
Иако на социјалните мрежи постојат бројни теории за што се работи, одговорот е прилично едноставен.
Тоа е традиционална наметка на богатите Катарци, која се носи обвиткана врз облеката и се нарекува бишт.