More

    Месец ноември 2023 година, според просечната температура бил најтопол досега во изминатиот период од 30 години

    spot_img

    Месец ноември 2023 година, според просечната температура бил најтопол досега во изминатиот период од 30 години. Се карактеризира како топол и екстремно врнежлив месец, со температури над просечните, соопшти УХМР, според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјава.

    Средномесечната температура се движеше од 4,1 степен во Лазарополе до 11 степени во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура беше два степена повисока на ниво на држава.

    Највисоката максимална температура е измерена на 6 ноември во Гевгелија и изнесуваше 26,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е евидентирана во Лазарополе, на 27 ноември, -12,2 степени.

    Синоптичарите укажуваат дека имало невообичаено високи температури во почетокот и ниски зимски температури кон крајот на месецот.

    Во ноември, месечната количина на врнежи во државата варираше од 64мм во Гевгелија до 350мм во Маврово. Надмината е најголемата месечна количина на врнежи од 325мм во Маврово од 1985 година.

    Во почетокот на месецот врнежите беа од дожд и град, а на крајот од месецот на целата територија на државата се регистрирани и врнежо на снег со исклучок на местата под 400м нмв. Максимално дневно количество на врнежи од 87мм беше регистрирано во Маврово на 4 ноември.

    Забележена беше снежна покривка од 40см на 29 ноември на Попова Шапка и 23см четири дена предходно  во Маврови Анови.

    Споредено со ноемвриската просечна вредност за триесетгодишниот период, измерената месечна сума на врнежи беше поголема за 52мм или е 71% над просечната на ниво на држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img