Трикратната добитничка на Оскар, американската актерка Мерил Стрип освои една од најпрестижните награди на шпанското говорно подрачје „Принцезата од Астурија“ за, како што се стои во објаснувањето, „незаборавните интерпретации на сложени женски ликови“ во нејзината кариера која опфаќа повеќе од 50 години.
Жирито ја додели наградата на 73-годишната актерка во категоријата уметност, се вели во соопштението за медиумите.
Наградата „Принцезата од Астурија“, кој изнесува 50.000 евра, е една од осумте што ги покриваат уметностите, науките и другите области и се доделува секоја година од фондацијата именувана во чест на принцезата Леонор, шпанската престолонаследничка.