МЕП Муртезани го потпиша барањето за претфинансирање на средствата од Реформската агенда

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на Владата на Република Северна Македонија, денеска го потпиша барањето за претфинансирање од 7% во рамките на Реформската Агенда на земјата. Со испраќањето на ова барање во износ од 52,5 милиони евра, Северна Македонија станува првата земја во регионот која ги презема сите неопходни чекори за претфинансирање во рамките на новиот европски финансиски механизам.
Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните Реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години.
Министерството за европски прашања останува посветено на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата.
Share This Article