Премиерката на Италија Џорџа Мелони одговори на честитките на премиерот Еди Рама за новата функција како „прва жена повикана од народот да ја води италијанската држава”. Таа нагласува дека врската меѓу две земји е историска врска со стратешка соработка и нагласува дека сака овој стратешки однос да се зачува и негува.
„Благодарам Еди Рама. Врската меѓу Италија и Албанија е историска врска и стратешка соработка која сакаме да ја зачуваме и негуваме“, пишува Мелони во објава на Твитер.
Премиерот Рама вчера ѝ честиташе на италијанската колешка по преземањето на функцијата премиер на Италија.