More

    Мексико ги национализираше резервите на литиум

    spot_img

    Мексиканскиот парламент донесе одлука за национализација на литиумот во земјата, а експертите посочуваат дека не се знае точно колку од тој минерал е потребен за производство на електрични батерии.

    Мнозинството во Сенатот донесе закон со кој се забрануваат дополнителни отстапки за екстракција на литиум, кој беше прогласен за „национално наследство“.

    Претседателот на Сенатот Рикардо Монтреал и владејачката партија Национално движење за обнова (Морена) истакнаа дека ова е „историски ден“ за Мексико.

    Законот беше изгласан во Претставничкиот дом еден ден претходно.

    Помеѓу двата гласа, левичарскиот претседател Андрес Мануел Обрадор во вторникот наутро рече дека неговата влада ќе ги „преиспита“ веќе доделените отстапки.

    „Сè уште нема податоци за постојното количество литиум. Не е сигурно дека имаме количества што можат да ни користат“, рече претседателот на Мексиканската комора на рудари (CAMIMEX), Хаиме Гутиерез.

    Тој за Радио Хералдо оцени дека реформата „не е неопходна“ и дека ќе создаде „неизвесност“ кај инвеститорите во рударскиот сектор.

    Австралија, Чиле, Аргентина и Кина се најголемите светски производители на литиум. Австралија произвела 42.000 тони во 2019 година, според некои статистики.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img