На денешната прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ рече дека до министерот за здравство е предложено укинување на две мерки кои треба да се проследат до Владата. Едната е да се укине задолжително поседување на потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест при излез од државата и да се укине ослободувањето од работа за бремените жени.
– Препораката е бремените жени да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките во светот е да се вакцинираните. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени, затоа што според него во светот вакцинацијата група е препорачлива – рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.
Тој посочи дека граѓаните кои ја напуштаат Македонија ќе треба да имаат негативен ПЦР или потврда за вакцинација, само доколку земјата во која ќе влегуваат тоа го бара. Мехмедовиќ потенцираше дека останува да важи мерката за ПЦР тест при влез во Македонија.