Во тек се подготовките за реализацијата на големиот меѓународен ликовен проект: 1 – во Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола 2023.
Околу 500 дела од скоро 400 автори од приближно 80 држави од целиот свет. Изложбата ќе биде отворена на 15 ноември во КИЦ – Битола (офицерски дом).Поставена во: Алтернативната галерија, Свечената сала и Галерија Исток.
Според бројот на пријавените автори и држави ова е најголема ликовна манифестација во Македонија за 2023 година а и пошироко.
Со присуството на истакнати автори од целиот свет, првото меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи ИБМБ Битола 2023 е веќе позиционирано со сите параметри во најзначајните ликовни меѓународни манифестации од ваков вид во светот.
Пропратни збиднувања: Специјални оддели на кинеската, италијанската и канадската минијатурна графика и цртеж, како и омаж за графичкото творештвото на Josee Wuyts и Frans de Groot, од Холандија, со специјално испратени дела за свеченото отварање.
Организатор на Меѓународното биенале на минијатурни графики и цртежи – Битола е Владо Ѓорески. графички уметник, кустос и ликовен критичар, во соработка со Културно и информативен центар Битола
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Општина Битола.