More

    Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Северна Македонија

    spot_img

    Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Северна Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

    Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

    Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци“.

    Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

    – Службеници на криминалистичката полиција продолжуваат да вршат увид на местото на настанот за да им помогнат на форензичарите да ја утврдат точната причина што довела до овој немил настан, нагласи Зрински, додавајќи дека кога ќе имаат „издржани заклучоци“ од наодите ќе го известат надлежното Јавно обвинителство.

    Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот, по што надлежните на локалните жители веднаш им препорачаа да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор, иако нагласија дека нема опасност од загадување на животната средина.

    Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img