Меган Маркл заплака на погребот на кралицата Елизабета Втора (ФОТО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (41) пристигна на погребот на кралицата Елизабета Втора. Таа се приклучи на остатокот од кралското семејство во Вестминстерската опатија. Таа дојде со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.

Меган Маркл не можела да ги запре солзите додека гледала како го носат ковчегот на кралицата Елизабета Втора од Вестминстерската опатија во текот на погребот на кој присуствуваат огромен број луѓе – како странски државници и членови на светските кралски семејства, така и граѓани.

Војвотката од Сасекс си го бришела образот за време на емотивниот момент додека стоела до Камила, сопругата на кралот Чарлс Трети, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и нејзините деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

 


Емотивниот момент без сомнение ќе предизвика бројни коментари, меѓу кои сигурно ќе има и такви дека солзите се резултат на глума или одраз на лицемерие, имајќи ги предвид сите скандали што се случија меѓу Меган, Хари и британскиот двор. Многумина забораваат дека во скандалозните интервјуа војвотката секогаш нагласувала дека има прекрасно мислење за кралицата.

 


ФОТО: Инстаграм

Share This Article