Меган Маркл наполни 41 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со нетрпение се чекаше реакцијата на кралската палата бидејќи Меган Маркл има повеќе од бурно минато со членовите на британското кралско семејство.

Да потсетиме, по многуте контроверзии кои ја придружуваа врската на Меган Маркл и принцот Хари со кралското семејство, поранешната актерка се појави на Сребрениот јубилеј што годинава се одржа во чест на кралицата Елизабета.

Со многу причини, сите се прашуваат дали Меган и Хари се навистина во добри односи со неговото семејство во Британија.

Но, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам сепак напишаа на официјалниот твитер-профил на Кенсингтонската палата: „Среќен роденден на војвотката од Сасекс“.

Сите забележаа дека во роденденската честитка сепак е спомната и нејзината титула, а многу е важно да се каже дека овој профил го уредува војвотката од Кембриџ.

Неколку минути пред нив, роденденот на Меган ѝ го честитаа принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, исто така со фотографија од платинестиот јубилеј.

Јавноста е поделена, па едни слават поради честитките испратени до Меган, а други – оние кои не ја сакаат, жалат.

Поранешнета актерка уште долго ќе предизвикува мешани реакции во јавноста, тоа е сигурно.

Share This Article