Меган Маркл лажирала интервјуа за подкастот, нејзиниот глас бил додаван дополнително

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Подкастот „Арчитајпс“ (Archetypes) беше еден од поуспешните на Спотифај, а Меган Маркл беше особено горда на темите што ги покрива со замислата да ја подигне јавната свест за одредени теми. Меѓутоа, заемното раскинување на договорот помеѓу Меган и принцот Хари и Спотифај ја прекина соработката, а со тоа и понатамошното снимање на поткастот.

Меган и Хари, наводно, не испорачале доволно содржина за да извршат целосна исплата на нивниот договор од 20 милиони долари во 2020 година, фрлајќи негативно светло на продуктивноста и желбата на војвотката да работи.

Покрај тоа, извршниот директор на Спотифај, Бил Симонс, исто така, ја критикуваше двојката по раскинатиот договор, додавајќи дека Меган и Хари се измамници.

Заедно со тврдењата кои сугерираат дека Меган и Хари не работат според договорот, сега се појавија тврдења дека ниту интервјуата во подкастот не се реални. Поточно, се тврди дека интервјуата со гостите на подкастот не ги водела Меган, туку членови на нејзиниот персонал. Звукот на нејзиниот глас подоцна бил вметнат во снимките за да звучи како таа да ја работи целата работа, но сега таа можна лага излезе на виделина.

Како што пишува „Њујорк пост“, шпекулациите дека Маркл директно не ги интервјуира своите гости почнаа да кружат кога писателката Алисон Јароу објави фотографија на Инстаграм во август на која позира пред знакот на компанијата за аудиопродукција „Џимлет медиа“, пишувајќи дека е возбудена да биде вклучена во визионерската серија, а со неа и се заблагодари на продуцентот на подкастот бидејќи е одличен интервјуер.

Сепак, уште во ноември, медиумите објавија дека коментарите на Јароу биле уредени и вметнати во говорот на Меган Маркл.

Во поткастот, Меган беше домаќин на многу експерти за темите што ги покрива, како и познати лица како Серена Вилијамс, Мараја Кери, Парис Хилтон, Минди Калинг и Констанс Ву.

Share This Article