Актерката Меган Фокс ја изнесе идејата за отворање профил на ОнлиФанс (сајт на кој познатите објавуваат разголени содржини) во соработка со популарната реалити ѕвезда Кортни Кардашијан, откако сподели жешки фотографии од нив двете зад сцената од снимањето на кампањата за долна облека „Skims“. Инаку, зад брендот „Скимс“ стои Ким Кардашијан.
„Зад сцената со Кортни. Дали треба да покренеме ОнлиФанс?“, напишала Фокс во опсиот на објавата на Инстаграм.
На фотографиите се гледа како Меган и Кортни се допираат во скудно облечена облека и седат една на друг во скут. Фотографиите се направени за време на снимањето на кампањата за „Скимс“, во која учествуваа минатата година за да ја рекламираат модната облека на уште една позната ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан.
„Ми се допаѓа што „Скимс“ навистина разбира што сакаат да носат жените и дека сакаат да се чувствуваат секси, самоуверени и моќни. Уживав да бидам во кампањата со Кортни, многу се забавуваме снимајќи заедно“, рече тогаш Меган.
Нејзината објава собра над 3,6 милиони лајкови и бројни коментари.
„Вие двете треба да сте во врска“, напишал еден корисник на Инстаграм. „Секако дека треба да креирате профил на ОнлиФанс“, додал друг.
Сепак, некои мислат дека покажале премногу, па им упатија критики.
„И двете сте во брак и имате деца. Почнете да се почитувате себеси“, е еден од коментарите.
ФОТО: Инстаграм