More

    Мега популарнииот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, закажан за вечерва

    spot_img

    Мега популарнииот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, закажан за вечерва. Регионалната ѕвезда и познат срцекршач се огласи на социјалните мрежи:

    „Драги мои Македонци, со оглед дека организаторот на концертот во Охрид, закажан за 05.08, не ги испочитува основните договорни обврски, за жал, принудени сме да го откажеме концертот, и покрај сета желба и труд да се случи истиот. Со исклучиво нетрпение го очекувам нашиот следен собир со различен организациски состав. Многу љубов и бакнежи!“, напиша Ковачевиќ.

    Концерот на пејачот беше закажан за на Античкиот театар.

    „Концертот на Саша Ковачевиќ под отворено небо во уникатниот амбиент на стариот град, е откажан“, го пренесе Орид Њуз соопштението на организаторот.

    Поради откажувањето на концертот на Саша Ковачевиќ од „Купи карти за сѐ“ ги информираат сите оние што имате купено онлајн карти, да испратат барање за рефундација на contact@kupikartizase.com до петок 09.08.2024.

    „Купените карти во продажните места рефундирајте ги во истите“, велат од „Купи карти за сѐ“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img