Апсење на рускиот претседател Владимир Путин, врз основа на налогот за апсење издаден минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС), би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди Дмитриј Медведев, член на Советот за безбедност на Русија.
– Да замислиме дека шефот на држава, на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и таму е уапсен. Што е тоа? Објавување војна против Русија. Ако тоа се случи, тогаш сите наши капацитети, проектили и така натаму, ќе паднат врз Бундестагот, канцеларијата и така натаму – изјави синоќа рускиот функционер за локалните медиуми.
На 17 март МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, кого го сомничи за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.