Тампон зоната на границата со Украина е клучна за Русија со цел да се заштити од гранатирањето на украинската војска, а нејзината ширина ќе зависи од видот на оружје што ќе му биде доставено на Киев, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
– Очигледно, треба да создадеме тампон зона за во иднина да се осигуриме дека ништо нема да долета. Нејзината големина е сечија претпоставка, но треба да биде доволна. Ако Украинците сакаат да добијат средства за напад со долг дострел, како што се крстаречки и балистички ракети, тогаш тампон зоната треба да се протега до Полска – рече тој.
Тој посочи дека САД ќе продолжат да ѝ испорачуваат оружје на Украина без оглед на исходот од претседателските избори.
– Верувам дека никој нема илузии: нема да има голема разлика меѓу Трамп и Камала. Сепак, едниот ќе го направи тоа бурно, додека другиот ќе го прави повнимателно – продолжи тој.
Според Медведев, САД „максимално профитирале“ од конфликтот во Украина.
– Заработија пари на сè, ја понижија Европа, ја одвлечкаа индустријата на нивно тло, ништо не изгубија. Ова е исплатливо за нив – заклучи тој.
На 13 јуни, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би можела да размисли за создавање тампон зона на територијата на Украина доколку Киев продолжи да ги бомбардира руските региони.