Во врска со вчерашниот руски напад со суперсонична балистичка ракета врз Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, на платформата „Х“ напиша „добивте тоа што баравте.”
„Значи, тоа е тоа што го баравте! Па, проклето тоа и добивте! Напад со хиперсоничен балистички проектил“, напиша Медведев, заедно со објавеното видео од нападот.
-Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина – рече Путин.
Тој објасни дека со ова е тестиран најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Оревокршачка“.