Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го коментираше фактот дека во Белата куќа во САД е пронајден кокаин, наведувајќи дека очигледно наместо американски борбени авиони Ф-16 „тие му подготвиле средство за смирување на Киев“.
„Пронајдоа кокаин во Белата куќа. Изгледа дека наместо Ф-16, тие подготвија средство за смирување за Киев“, напиша Медведев на Твитер.
Белиот прав го пронашле во неделата вечерта соработници на американската тајна служба кои биле во посета на зградата, по што била најавена евакуација. Подоцна со вештачење било утврдено дека белиот прав пронајден во западното крило на американската администрација бил кокаин.