Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека војната во Украина е свет конфликт против сатаната.
Тој додаде дека Русија се бори со „лудите нацисти наркозависници“ кои имаат поддршка од Западот и на кои „плунка им тече по брадата поради вроденоста“.
За време на одбележувањето на Денот на националното единство, Медведев рече и дека задачата на Русија е „да ја запре врховната моќ на пеколот, без оглед на името што го користи – Сатана, Луцифер или Иблис“.
Покрај тоа, поранешниот претседател рече дека Русија има различно оружје, вклучително и способност да ги „испрати своите непријатели на огнот на Геена“.