Рускиот тенисер Данил Медведев најави дека ќе се бори во Мајами за враќање на првото место на АТП листата.
Медведев загуби во третото коло на Индијан Велс од Гаел Монфис, па во понеделник ќе му го предаде првото место на АТП листата на Новак Ѓоковиќ. Тој помина три недели на чело.
„Дали е подобро да се биде на прво место барем една недела или воопшто не? Според мене, првата опција е подобра“, изјави Данил.
Секако дека би сакал да останам на таа позиција долго време, да освојувам Гренд Слемови.Но никогаш не знаеш како ќе изгледа твојата кариера.Ќе продолжам да давам се од себе на тренинзите, на натпреварите.Мојата цел е да победувам што е можно повеќе турнири. и ќе бидам број еден долго време. Сигурно е неверојатно што дури и дојдов на прво место“.
Рускиот тенисер може да се врати на врвот на АТП листата доколку се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, во кој Србинот нема да учествува.
Ќе се обидам да се вратам во Мајами, таму дефинитивно се чувствувам подобро“, истакна Данил.
Запрашан дали чувствува дополнителен притисок затоа што е првиот рекет во светот, Медведев одговори:
„Мислев дека првото место ќе ме мотивира повеќе, но не го одиграв мојот најдобар натпревар. Секогаш велам, кога го играм мојот најдобар тенис, тешко е да ме победиш. Но, не ми е лесно секогаш да бидам на тоа ниво. Затоа е неверојатно што работеа Надал, Ѓоковиќ и Федерер, тие секогаш победуваа, без разлика на условите и позадината. Ќе се обидам да бидам подобар“.