Од почетокот на руската инвазија на Украина, поранешниот претседател на Русија, Дмитри Медведев, речиси секојдневно ги разгорува страстите на светска јавност, со неговите изјави и анализи пласирани преку социјалната мрежа Телеграм.
Тој даде и објаснување зошто секогаш е остар и недвосмислен во изјавите.
– Луѓето ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку остри. Бидејќи ги мразам е мојот одговор. Тие се копилиња и никаквеци. Тие ја посакуваат нашата смрт, смртта на Русија. И додека сум жив, ќе правам сè за да исчезнат – изјави Медведев.