Сите земји мора да вложат напори да избегнат избувнување на нов глобален конфликт од големи размери, изјави во вторникот заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува ТАСС.
„Не можам да кажам што би можело да биде последната капка, што би можело да биде активирањето. Но, тоа може да се случи во одреден момент. Сите ние мора да работиме за да се осигураме дека оваа закана од глобален конфликт, жешка Трета светска војна во целосен обем, нема да се оствари“, нагласи тој.
Зборувајќи за актуелната ситуација, Медведев нагласи дека Русија не сака да дојде до ова.
„Но, светските тензии се навистина вжештени“, рече тој.
Тој исто така рече дека кога во младоста разговарал со своите врсници за хипотетички конфликт со САД и за конфликт меѓу Варшавскиот пакт и НАТО, тоа изгледало како пресилен и невозможно сценарио.
„Но, не можам да го кажам тоа сега, колку и да звучи тажно“, заклучи тој.