Русија ќе направи се што е можно за да ги спречи непријателските соседи, како што е Украина, да набават нуклеарно оружје, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
„Ќе направиме се што можеме за да спречиме нуклеарно оружје да се појави во соседните земји кои се непријателски настроени кон нас. На пример, во нацистичка Украина, која деновиве е директно контролирана од земјите на НАТО“, напиша тој на својот канал „Телеграм“.
Медведев нагласи дека нема смисла да се смета на разузнавачката и политичката волја на властите во Киев, пренесе ТАСС.
„Но, сè уште има трошка надеж дека здравиот разум и чувството за самоодржување ќе преовладуваат меѓу режимот во Киев. Доколку заканата за Русија ја надмине утврдената опасна граница, ќе мора да одговориме. Без да побарам ничија дозвола и без многу консултации. И тоа дефинитивно не е блеф“, предупреди Медведев.