Медведев им се закани на новинарите на „Тајм“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев ги нарече уредниците на британскиот весник „Тајмс“ легитимни воени цели како одговор на известувањето на весникот за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во Москва.

Острите коментари на Медведев уследија по едиторијалот во кој убиството беше опишано како легитимен чин на самоодбрана на Украина, пишува Гардијан.

„Оние кои вршат злосторства против Русија… секогаш имаат соучесници. И тие сега се легитимни воени цели. Во оваа категорија можат да се вклучат и мизерните чакали од Тајмс, кои кукавички се криеја зад нивната редакција. Тоа значи целото раководство на тој весник“, напиша Медведев на Телеграм.

Поранешниот претседател познат по своите воинствени ставови додаде дека новинарите на „Тајмс“ треба „да бидат внимателни“ бидејќи „во Лондон сѐ е можно“.

Одговарајќи на објавата на Медведев, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами напиша на платформата Х дека неговата гангстерска закана за новинарите на Тајмс зрачи со очај.

„Нашите медиуми го претставуваат најдоброто од британските вредности – слободата, демократијата и независната мисла“, напиша Лами покрај фотографијата на која чита „Тајмс“.

На прашањето за коментарите на Медведев, портпаролот на британскиот премиер рече дека тие се последната во серијата очајни реторики кои доаѓаат од владата на Путин.

Share This Article