Медведев го искоментира налогот за апсење за Путин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дмитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација, напиша дека нема потреба да се објаснува како треба да биде користен налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд, а пораката ја објави со сликичка за тоалетна хартија.

„Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин. Нема потреба да се објаснува каде треба да се користи овој документ“, напиша Медведев на својот профил на Твитер на англиски јазик.

Претходно, советот на МКС, чија јурисдикција не ја признава Руската Федерација, издаде налог за „апсење“ на претседателот на Русија Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова во врска со „нелегален извоз на деца“ од Украина.

Share This Article