Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ветува дека неговата држава ќе биде победничка во офанзивата за Украина и е подготвена да се бори до полската граница за да се спротивстави на „заканите“.
„Победата ќе биде постигната. Затоа е толку важно да се постигнат сите цели на специјалната воена операција. Да се потиснат границите на заканите против нашата земја што е можно подалеку, па дури и ако треба до границите на Полска“, објави Медведев на Телеграм.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, пак, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата.
– Колку порано рускиот претседател сфати дека нема да ја постигне својата империјалистичка цел, толку е поголема шансата војната наскоро да заврши. Путин ја има во свои раце. Тој може да ја заврши оваа војн – рече Шолц.