Се повеќе се шпекулира за новиот договор на Лука Модриќ во Реал Мадрид.
На „Бернабеу“ е позната традиција на играчите кои се таму подолго време да им се нуди едногодишен договор. Актуелниот договор на Лука Модриќ истекува за три месеци, па прашање е што ќе биде со него во Мадрид.
Реал не се огласува по ова прашање, а за тоа пишува новинарот на Атлетик, Марио Кортегана, инсајдер на Реал:
„Модриќ секогаш е еден од последните кои го напуштаат кампот на Реал во Валдебебас и секогаш останува дополнително да работи во теретана. Сепак, Реал се уште не ни контактирал со него за нов договор, а камоли да му понуди. Клубот смета дека нема смисла да му се нуди среде борба за сите трофеи. Доколку Модриќ не ја добие понудата на Реал, Саудиска Арабија е најверојатната опција тој да ја продолжи кариерата“.
Реал моментално е на второто место во поредокот во Ла Лига со 52 бода, седум помалку од првопласираната Барселона.