Медицинските сестри на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје ги демантираат изјавите дадени од страна на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 02. ноември годинава на прес-конференција.
Демантот се однесува на следната изјава:
– Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантскиот дневник на медицинскиот персонал го запишува и остатокот на некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекови, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористени лекот од вијалата – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…
На ова сестрите од Онкологија одговараат со следниот демант:
„Од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделнија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во амбулантско-хоспитален дневник, во архива на требовања, исто така компјутерска проверка во секој момент е достапна, и се однесува на салдо во моментот, а евиденција се води и во опијатни тетратки како и во тетратка на потрошени цитостатици (картици).
Погоренаведените евиденции што ги водиме, се достапни за проверка на наделжни органи. Со ова во целост ја демантираме таа изјава“ – се вели во соопштението од Онкологија.
Понатаму се одговара на следната изјава на Мицкоски:
– Преку пример, треба да се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетеи македонски граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалсит, односно супцпецијалист, каде што во наодот вели дека барањето на пациентот за терапија ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение – рече Христијан Мицкоски.
На ова во соопштението се дава следниот демант:
„Сите лекови кои се требуваат од Аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот не се фрла, со цел заштеда на истите. Остатокот е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија-Дневна болница.
За тврдењето на Мицкоски, за давање лекови во тобичка, можеме да кажеме дека терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката.
Aпелираме до целата јавност, да престанат препукувањата на политичките партии преку клиниката, и да се остави клиниката да функционираа нормално и без било какви притисоци, со цел да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат на клиниката и се лекуваат, како и вработените во истата“ – се вели во соопштението од медицинскиот персонал на Клиниката за онкологија.