More

    Медицински техничар е осуден на доживотен затвор за убиство на двајца пациенти

    spot_img

    Окружниот суд во Минхен во понеделникот осуди на доживотен затвор медицински техничар за убиство на двајца пациенти и обид за убиство на уште шестмина.

    „Вашата задача беше да помогнете во лекувањето, а вие го направивте токму спротивното“, рече претседателот на судскиот совет Норберт Ридман, објаснувајќи му ја пресудата на 27-годишниот медицински техничар.

    Судот го обвинува здравствениот работник дека на пациентите им дал средства за смирување кои довеле до смрт во два случаи, кај пациенти на возраст од 80 и 89 години. Во шест други случаи, пациентите преживеале.

    Како мотив за убиствата медицинскиот техничар изјавил дека „сакал да има мир“ за да спие и да игра игри на мобилниот телефон.

    Во текот на судењето, осудениот рече дека доколку не бил откриен ќе „продолжел со истата пракса“.

    Во пресудата, судскиот совет ја наведе посебната тежина на вината, што го исклучува предвременото ослободување додека отслужува доживотна затворска казна, која во Германија е 15 години.

    Судот го одби барањето на адвокатот по издржувањето на казната врз обвинетиот да се спроведат посебни заштитни мерки за да се спречат натамошни кривични дела, но му изрече доживотна забрана за работа во медицински установи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img