МЕДИЦИНСКАТА ОПРЕМА НА БРАКО БАРАНА ВО ЕВРОПА И ВО САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во Брако и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.

И покрај кризата, линијата за опремување здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз.

Медицинската програма на Брако има повеќе од 500 различни производи, кои се произведуваат според меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.

Веќе 20 години се користат материјали со врвен квалитет и специјални карактеристики како што се биокомпатибилност, огноотпорност и нерѓосувачки челик со подобрени карактеристики.

– Од богатата медицинска програма, особено би го издвоиле ротирачкиот високософистициран кревет, кој е опремен со 6 електромотори за промена на позицијата на корисникот. Во креветот се вградени и голем број различни сензори на повеќе позиции со кои целосно се врши надзор на лицето-корисник – посочува Сашко Димитров, одговорен проект-менаџер на медицинската програма во Брако.

Share This Article