Медицинска сестра го уценувала семејството на легендарниот возач на Формула 1, Михаил Шумахер. Според „Индепендент“ медицинската сестра барала 15 милиони евра од семејството на Шумахер заканувајќи се дека ќе објави приватни слики од неговото лекување.
Шумахер со години е во болнички кревет. Тој е во кома од 29 декември 2013 година откако доживеа несреќа на скијање.
Ниту една слика од Шумахер не е објавена во изминатите 11 години по трагедијата.
Маркус Ф, поранешен телохранител ангажиран од семејството Шумахер, украл 1.500 фотографии и 200 видеа од Михаел, а заедно со Џилмаз Т. и Даниел Л. подготвиле план да му се заканат на семејството на возачот, како што објави германски „Билд“.
Шумахер ја доживеа несреќата во францускиот ски центар Мерибел скијајќи со синот Мика. Тие скијале на необележан и небезбеден дел од патеката кога Михаел изгубил рамнотежа, паднал и со главата удрил во карпа.
Како што беше соопштено подоцна, животот му го спасило тоа што носел кацига, но се здобил со сериозна повреда на главата поради што во бессознание во неговиот стан бил префрлен во болницата во Гренобл.
Поради повреда на мозокот, тој е ставен во индуцирана кома, а му биле извршени неколку операции.