More

    Медитеранот гори! Гардијан пишува и за пожарите во Хрватска и соседните земји

    spot_img

    Пожарите зафатија најмалку девет медитерански земји. Илјадници пожарникари се борат со пожарот во Европа и Северна Африка, а работата им ја отежнуваат екстремно високите температури и силниот ветер.

    Повеќе од 30 луѓе загинаа во пожарите во Алжир, а 8.000 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот кој зафати 15 провинции и принуди евакуација на повеќе од 1.500 луѓе. Огнената стихија уништи домови и опустоши шуми.

    Италија во исто време ја зафатија силно невреме и шумски пожари. Најмалку седум лица загинаа откако невремето го опустоши северниот дел на земјата, а пожарите го опустошија и југот на Сицилија.

    Торнадо, град, бури, пожари…
    Премиерката Џорџија Мелони изјави дека и 16-годишно девојче загинало кога дрво паднало врз неа. Жителите на Милано пријавија силен дожд со град кој поплави улици и урива дрвја. Југот од земјава, пак, се бори со силен топлотен бран, а температурите на места ќе достигнат и над 47°С.

    „Во Италија ги доживуваме најтешките денови во последните неколку децении – дождови, торнада и огромен град на север, и големи горештини и разорни пожари во центарот и на југот“, изјави министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.

    И Грција има исклучително тешко лето. Властите во изминатите неколку дена евакуираа повеќе од 20.000 луѓе. Во понеделникот загинаа и двајца пилоти чиј авион се урнал додека помагале во гаснењето на пожарот.

    Гардијан јавува дека силниот ветер не им дозволува на Канаѓаните во Хрватска да полетаат. Пожарникарите се борат со пожарите кои се шират на југот на Хрватска во близина на Дубровник, популарна туристичка дестинација.

    Силен ветар ја зафати и Црна Гора, каде две лица се удавија, а неколкумина се повредени, известија властите во градовите Улцињ и Петровац.

    Со огнената стихија се бори и Португалија, кој е еден од европските градови најтешко погодени од пожари. Стотици португалски пожарникари тргнаа во вторник да го изгаснат пламенот во близина на популарната дестинација за одмор Каскаис, а нивните напори беа отежнати од силните ветрови. Португалија се соочува со широко распространета суша која зафати 90% од земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img