Меџити застана во одбрана на Ганиу и Касами

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Билал Касами, беа повикани од полицијата на информативни разговори, а единствена причина беше посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово“, коментира „огнениот“ Изет Меџити кој е и лидер на новата партија Демократско движење.

Според Меџити, во случајот се работи за сталинистички метод на информативни разговори, кој што во времето на комунистичка Југославија најмногу го чувствувале Албанците, а се практикува и сега.

– Сето тоа е направено под влијание и притисок на српската антиалбанска политика на која Албин Курти и стана трн во око. Но, оваа ситуација докажува дека не згрешивме што го ставивме името на Адем Демачи на една од улиците на главниот град, бидејќи денес повеќе од кога било ни е потребен неговиот дух на отпор – вели Меџити.

Министерството за внатрешни работи претходно денес до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците на овие општини, Висар Ганиу и Билал Касами.

Од МВР велат дека при пречекот на Курти во Чаир и Тетово не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Share This Article