More

    Меџити вели дека нема дилеми околу уставните проблеми

    spot_img

    Потпретседател на Демократската унија за интеграција и дел од т.н. „Огнена група“ Изет Меџити истакна дека нема да гласа за новата Влада, но нема никакви дилеми околу уставните промени.

    – Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи. Како што не нарекуваат „огнени“, во моментов имаме тројца пратеници. Разговараме и со други. Гледам дека има незадоволство и кај помалите партии и други експоненти и ќе треба да причекаме – рече Меџити во интервју за „Република“.

    Тој смета дека Алијансата за Албанците е непотребна во Владата. Според Меџити, ова не е добро ниту за Алијансата за Албанците, ниту за Владата.

    Меџити не гледа потреба од предвремени избори.

    – И ова што се направи е непотребно, имаше стабилно мнозинство и требаше само да се сработи тоа што е ветено и ќе немаше потреба од вакви политички акробации.Се надевам дека ова нема да доведе до предвремени избори и треба заедно да смогнеме сили да најдеме решение и да дојдеме до уставни промени бидејќи тоа е единствен пат за граѓаните да одиме кон ЕУ – посочи тој и дополни дека СДСМ и ДУИ се покажале „некоректни кон Алтернатива“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img