More

    Меџити со порака до Ахмети за критиките кон Курти

    spot_img

    „Абаз, ако имаш нешто да ни кажеш, мене лично или на Движењето како партија, охрабри се и нападни ме, нападни нѐ, но немој да го правиш тоа на сметка на Косово и Албанија“ – му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Изет Меџити, претседател на Демократското движење кое е дел од опозицискиот Европски сојуз за промени.

    Реакцијата на Меџити, кој во објава на Фејсбук му се обраќа на Ахмети и со прекарот „Абаз“, следи по изјавата на лидерот на ДУИ за албанска телевизија, дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во политичката сцена на Албанците во РСМ, а албанскиот премиер Еди Рама никогаш не го правел тоа.

    „За разлика од г. Ахмети и ДУИ, лично и во име на партијата и движењето што ги водам, никогаш не сум сметал, не ја сметам и никогаш нема да ја сметам постапката на кој било премиер или претседател на Албанија или Косово како мешање во избори или во прашања поврзани со Албанците од Северна Македонија – посочува Меџити во објава на Фејсбук.

    Меџити оценува дека е тешко да се поверува оти Ахмети и ДУИ немаат информации за посочената партија, односно за сестринската партија на СНС во Србија, која е законски регистрирана во Северна Македонија, а ја води Драгиша Милетиќ и имала пратеник во Собранието на Македонија во мандатот од 2011 до 2014 година.

    „Абаз, со децении по ред, никој во Северна Македонија не го смета Движењето за Косово како ‘туѓо тело што се меша во Македонија’, туку како дел од приказните, заедничките страдања што ги имавме и ги имаме како Албанци. Абаз, освен тебе и ДУИ, сите ние јасно ги разбравме позициите на пријателите и партнерите на Косово, Албанија и Северна Македонија, кога во Бањска беше загрозена стабилноста на регионот, не само на Косово, затоа отпорот на Косово беше во одбрана на земјата и на целиот регион (…) Историјата на Албанците во Северна Македонија, Абаз, не започна со тебе и нема да заврши со мене и со Движењето. Ние сме единствените кои од мај ќе го понесеме напред пламенот на славата и предизвикот на времето, да им го предадеме на рацете на генерациите што доаѓаат“ – порача Меџити.

    Тој се осврна и на средбата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп со Ахмети.

    „Со флагрантно политичко мешање во судството за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, како одмазда за непослушноста да се врати Никола Груевски во земјава како херој, таканаречениот Европски фронт на ДУИ беше информиран од ЕУ преку амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп дека ДУИ е главната пречка за функционирањето на правната држава и интеграцијата на земјата во ЕУ“, напиша Меџити на Фејсбук.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img