Меџити се надева дека Македонија наскоро ќе ѝ се придружи на Албанија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на Демократското движење, Изет Меџити, ѝ честиташе на Тирана за успешните чекори кон членството во ЕУ, а ја обвини претходната Влада за лошо управување, со што Северна Македонија, според него, го загубила чекорот со Албанија.

– Прво, ни е мило што Албанија направи напредок. Второ, посакувам Северна Македонија наскоро да ѝ се придружи (на Албанија) на оваа патека. Застојот на Северна Македонија во оваа насока е резултат на лошото управување во изминатите осум години од оние кои денес се дел од опозицијата – изјави Меџити во интервју за РТК, соопштија од неговата партија која е дел од Коалицијата Вреди.

Според Меџити, еден од клучните услови за Северна Македонија да стане дел од ЕУ е внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот на државата, но и реформите во судството и спроведувањето на другите препораки од меѓународната заедница, за кои, како што посочи, актуелната Влада, се труди да ги реализира.

Тој изјави дека приоритет на оваа Влада останува патот кон Европската Унија.

Share This Article