More

    Меџити потврди дека Огнените добивале смртни закани од ДУИ

    spot_img

    Огнените фракционери во ДУИ трпат вистински терор од страна на партијата, а тука се и заканите по живот, потврди за ТВ Алфа Изет Меџити, лидерот на фракцијата. Тој смета дека и порано имало вакви закани во Куманово, но дека ова не смее да се прелеe во скопските ограноци.

    – И во минатото токму за избори за ограноци, посебно за огранокот Куманово, во два наврати имаше пукање, имаше загинати, имаше ранети, има луѓе што лежат во затвор или чекаат конечна одлука за тоа. Ако сакаат тој филм да го гледаат, ние нема да паднеме на такви провокации- вели Меџити според кого заканите се резулатат на самоволието на Артан Груби во ДУИ.

    Тој потврди дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу добил закани од Муарем Хасани, претседател на огранокот на ДУИ од Бутел.

    Хасани на фејсбук демантираше дека се заканувал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img