Меџити побара поддршка од САД и од ЕУ за енергетска независност од Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија, изјави првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон.

– Преминот од јаглен до 2050 година бара силна финансиска и техничка поддршка. Помошта и финансирањето се клучни за трајна трансформација и за обезбедување правична транзиција за погодените заедници – рече Меџити.

Според него, забрзувањето на енергетската транзиција бара трансатлантска посветеност, со помош за подобрување на регулаторните рамки и енергетската инфраструктура. Создавањето зелени механизми за финансирање би го олеснило оддалечувањето од јагленот и развојот на чиста енергија, додека регионалната соработка преку Енергетската заедница би помогнала да се дизајнираат заеднички стратегии за оваа намена.

– Имајќи ја предвид стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и влијанието на војната во Украина и руското влијание, сакам да ја нагласам потребата од зголемено вклучување на САД и ЕУ. Оваа поддршка е од витално значење за да се обезбеди енергетска независност и да се намали руското влијание во регионот – истакна Меџити во Вашингтон.

Share This Article