More

    Меџити очекува динамичен период во албанскиот блок

    spot_img

    Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва изјави дека лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција и дека клучно за тоа била поддршката што ја добил од членството.

    – Очигледно дека динамично ќе биде во албанскиот блок, и веќе нема да има никој дилема, тие што ги познаваат приликите, кој е победникот во албанскиот блок односно Европскиот блок за промени. Отсега натаму дилемата е само која ќе биде разликата – рече Меџити во централниот дневник на телевизија Сител.

    Европскиот сојуз за промени, според него, убедливо ќе победи, особено, во шестата изборна единица што, според него, е важно бидејќи половина од пратениците произлегуваат од оваа изборна единица.

    Тој потврди дека Таравари бил еден од кандидатите за претседател, но вели ќе разговараат и со други кандидати.

    – Имаме одлука за албански кандидат за претседател и овојпат со големи шанси да влезе во вториот круг на изборите – рече Меџити.

    Во однос на партијата Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити вели дека евидентно е дека тој има голема поддршка кај Албанците во земјава.

    Курти, додаде тој, долго време ја поддржува албанската опозиција во земјава, но одлучил да не формира партија, туку во овој момент да и помогне на албанската опозиција, а на заедничките листи на Европскиот сојуз за промени, ќе има кандидати кои го поддржуваат Самоопределување.

    – Правен носител ќе биде Европскиот сојуз за промени. Јас припаѓам на Демократското движење, Билал на Беса, Таравари на АА, но ќе имаме листа на Европскиот сојуз за промени и сите ќе бидеме на заедничка листа. Де јуре не е присутен тука бидејќи нема основано Самоопределување во Република Македонија, но де факто е присутен тука, преку свои претставници, влијание, поддржувачи – рече Меџити.

    Посочи дека Беким Ќоку, кој е советник на Курти за Македонија, ќе биде на заедничките листи на Европскиот сојуз за промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img