Меџити ќе го решава хаосот со возила на Клинички, ќе менува директори и ќе ги зголемува платите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една недела по преземањето на функцијата, новиот министер за здравство Фатмир Меџити ги соопшти приоритетите на кои ќе работи во наредниот перид.

И тој, како и сите негови досегашни претходници-министри, ветува дека прво што ќе направи ќе биде да најде решение за хаосот од возила во Клинички центар. Втор приоритет му е ажурирање на позитивната листа на лекови која не е обновена повеќе од 10 години. Трето, во програмата Меџити има зголемување на платите на здравствените работници, а како многу важен проект Меџити го наведе и новиот клинички центар и регионализација на болниците за што вели дека има детални проекти.

– Наш прв приоритет ќе биде да го решиме сообраќајниот хаос во Клинички центар. Се консултираме со сите институции, засегнати страни и размислуваме тоа да го решиме во најбрз можен рок. Како второ, ќе ја ажурираме промената на позитивната листа, и како трето и многу важно, ќе ги зголемиме платите на здравствените работници. Многу е битно ние да можеме да отвориме нов ургентен центар, интернистички тријажен центар. Другото прашање кое долго време се поставува во државата и е од голема итност, е да го продолжиме проектот за нов клинички центар и да направиме регионализација на болниците во државата. И за регионализацијата и за клиничкиот центар имаме детален проект како ќе се одвиваат работите – најави министерот Меџити.Тој најави и дека наскоро ќе бидат сменети 6 директори на клиники:

– Клиниката за неврологија, клиника за дерматовенерологија, клиниката за ендокринологија и клиниката за очни болести ќе добијат нови директори, а нови организациски директори ќе добијат и клиниката за онколошки болести и клиниката за гинекологија и акушерство – соопшти денеска министерот за здравство.

Смената на директорите, како што истакна Меџити, е според договорот за влез на Алијансата за Албанците во владината коалиција.

Share This Article