Меџити брзо собра потписи за регистрација на партија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект.

„Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се се заврши за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено“, се во со наведува во сопштението од Демократското движење.

Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува со регистрација на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција.

Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, кое официјално ќе биде промовирано на 13 август.

Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме.

Share This Article