Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња летува во Црна Гора.
Легендата на НБА лигата одлучи почетокот на август да го помине во Црна Гора, а според неговата објава на социјалната мрежа Твитер, поранешниот спортист е воодушевен од црногорското приморје.
„Многу е возбудливо кога Куки и јас посетуваме нови земји, а Црна Гора е спектакуларна. Ова е наша прва посета овде и е многу убаво и луксузно“, напиша Џонсон во објавата.
Мајк и неговата сопруга Куки се венчаа во 1991 година. Во 1993 година добија син, а во 1995 година посвоија ќерка. Мајк има уште еден син од претходната врска со кој ги поминува своите одмори.
Меџик е легенда на Лејкерс, каде ја помина целата своја НБА кариера.